Познати екипите за плеј-офот во НБА лигата, останува уште „енигмата“ на Западот

Пред крајот на регуларниот дел од НБА сезонава веќе се расчистуваат сите нејаснотии, а останува уште да се види кој ќе се вметне меѓу осум на Западот.

Хјустон плеј-офот ќе го дочека од првата позиција на Западот, а зад Хјустон се Голден стејт, Портланд, Јута и Њу Орлеанс, но се бараат преостанатите патници во доигрувањето. Засега се тоа Сан Антонио, Оклахома и Минесота, но Денвер има исто победи како и Минесота.

Голден стејт и натаму е без повредениот Стеф Кари, а синоќа славеше со 117-100 против Феникс. Кајл Томпсон беше расположен постигнувајќи 34 поени, додека Кевин Дурант имаше 17 поени и 9 асистенции. Хаус кај домашните постигна 22 поени.

Торонто со 112-101 беше подобар од Орландо, воден од Мајлс со 22 поени. Кај Орландо, Гордон постигна 16 поени.

Во мечот меѓу ЛА Лејкерс и Јута славеа гостите со 112-97, а најдобар на мечот беше Мичел со 28 поени, 8 асистенции и 9 скока. Кај Лејкерси, Харт постигна 25 поени.

Индијана славеша на гости против Шарлот со 123-117 и остана на петтата позиција пред плеј-офот. Тоа значи дека во првото коло од плеј-офот ќе игра против Кливленд. Од друга страна, Шарлот остана две позиции под плеј-офот. Нов пораз доживеа Бостон и тоа на домашен паркет од Атланта со 106-112. Атланта до победата ја водеше Принц со 33 поени, додека кај Бостон 19 поени постигна Татум.

На Истокот веќе се знаат екипите за плеј-офот: Торонто, Бостон, Филаделфија, Кливленд, Индијана, Мајами, Милвоки и Вашингтон…

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...