Познати групите за завршниот Мастерс турнир во Лондон

Во ждрепката емитувана во денешното утринското шоу на радио Би-би-си, Борис Бексер ги извлече групите за завршниот Мастерс турнир што ќе се одржи од 12 до 19 ноември во Лондон.

Најдобрите осум тенсиери на АТП листата поделени се во две групи кои ги носат имињата на тенските легедни. Во групата „Борис Бекер“ ќе играат: Роџер Федерер, Александар Зверев, Марин Чилиќ и Џек Сок. Во втората група „Пит Сампрас“ се: Рафаел Надал, Доминик Тим, Григор Димитров и Давид Гофан.

Завршниот турнир во Лондон ќе се игра пос системот „секој со секого“, а двајцата првопласирани од двете групи потоа продолжуваат во полуфиналето.

Завршниот тениски турнир ќе се игра во лондонската „О2 Арена“.

grupi london

Се вчитува...