Познати можните ривали на Шкендија и Македонија ЃП за 3. коло во УЕФА Конференциската лига

Познати се потенцијалните противници на Шкендија и Македонија ЃП во 3. квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, доколку двете македонски екипи успеат да ја минат втората квалификациска рунда.

Шкендија 2. коло ќе игра против Валмиера од Летонија откако на стартот го елиминираше ерменски Арарат. Македонија ЃП, пак, во второто коло се соочува со ЦСКА Софија.

Можниот противник за 3. коло, Шкендија и Македонија ЃП ќе го дознаат на утрешната ждрепка во УЕФА.

МОЖНИТЕ ПРОТИВНИЦИ НА ШКЕНДИЈА (победници од дуелите во 2. коло)
Мадервил (Шкотска) – Слиго Риверс (Ирска)
АИК Солна (Шведска) – Ворскла (Украина)
Спартак Трнава (Словачка) – Њутаун (Велс)
Бреидаблик (Исланд) – Будуќност (Црна Гора)

МОЖНИТЕ ПРОТИВНИЦИ НА МАКЕДОНИЈА ЃП (победници од дуелите во 2. коло)
Лугано (Швајцарија)
Арис Лимасол (Кипар) – Нефчи Баку (Азербејџан)
Вележ (БиХ) – Хамрун Спартанс (Малта)
Расинг Унион Луксембург (Луксембург)- Чукарички (Србија)
Каират (Казахстан) – Кишварда (Унгарија)

Се вчитува...