Познати се ростерите на тимот „Леброн“ и тимот „Кари“ за „Ол-стар“ спектаклот

Капитените Леброн Џејмс и Стеф Кари ги избраа своите соиграчи со кои ќе се пресметаат на „Ол-стар“ спектаклот кој годинава ќе се оджи во Лоџ Анџелес.

„Кралот“ Џејмс се одлучи за поранешниот соиграч од „кавси“, Кајри Ирвинг, потоа вечниот ривал Кевин Дурант, и центарското дуо од Њу Орлеанс пеликанс Ентони Дејвис и Демаркус Казинс.

На клупата се: Ламаркус Олдриџ, Бредли Бил, Кевин Лав, Виктор Оладипо, Кристапс Порзингис, Џон Вол и минатогодишниот МВП од регуларната сезона, Расел Вестбрук.

Актуелниот НБА шампион, Стеф Кари за свои соиграчи ги избра: Џејмс Харден, Демар Дерозан, Јанис Антетокумпо и Џоел Ембид.

Нивни замени ќе бидат: Џими Батлер, Ал Хорфорд, Демијан Лилард, Кајл Лаури, Карл Ентони Таунс, Клеј Томпсон и Дрејмонд Грин.

„Ол-стар“ викендот започнува на 16. февруари, додека главниот меч како по обичај се игра два дена подоцна, односно на 18. февруари.

Се вчитува...