Со завршување на денешните реванш дуели, комплетирана е осминафиналната фаза од новата сезона во Лигата на шампионите. Познати се паровите за четвртфиналето во елитното натпреварување.
Најинтересно се очекува да биде на дуелот меѓу Арсенал и Реал Мадрид, а интересно се очекува и да биде во германско/италијанската мегапресметка меѓу Баерн Минхен и Интер.
Пари Сен Жермен кој во трилер меч по пенали славеше против Ливерпул за противник ќе ја има Астон Вила, додека Барселона ќе биде голем фаворит против Борусија Дортмунд.
Првите натпревари се закажани за 8 и 9 април, додека реваншите се една недела подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА