Познати термините за натпреварите на македонските одбојкари на ЕП 2023

Европската одбојкарска конфедерација (ЦЕВ) ги објави термините за натпреварите во групната фаза на претстојното Европско првенство 2023.

Во групата „Ц“ во Скопје, македонските одбојкари играат со светскиот одбојкарски моќник Полска, со Холандија и Чешка, максимално респектабилни репрезентации со висок рејтинг, како и со Данска и со Црна Гора.

Токму со нив ќе почнеме да се натпреваруваме во арената „Борис Трајковски“ од 30. август до 6. септември годинава. Првите четири репрезентации од групата ќе обезбедат осминафинале.

РАСПОРЕДОТ НА МАКЕДОНИЈА НА ЕП 2023:

30.08.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Данска
02.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Црна Гора
03.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Полска
05.09.2023 (17 часот): МАКЕДОНИЈА – Холандија
06.09.2023 (20 часот): МАКЕДОНИЈА – Чешка

Се вчитува...