Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс, најверојатно ќе се врати на теренот на 18 ноември. Тој нема да патува со тимот за гостувачките серии во Атланта, Шарлот, Оклахома, Њу Орлеанс и Милвоки. Во тој период, Леброн ќе работи индивидуално.
Прогнозите велат дека Џејмс би можел да се врати на теренот на 18 ноември, за кога е закажан натпреварот против Јута Џез во Лос Анџелес. Сепак, и покрај неговото отсуство, Лејкерси имаа одличен почеток на сезоната и, предводени од Лука Дончиќ, имаат скор од 6-2.
Џејмс, кој ќе наполни 41 година во декември, минатата сезона имаше просек од 24,4 поени, 7,8 скока и 8,2 асистенции, а одигра 70 натпревари во најсилната професионална кошаркарска лига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

