Трансфер листата на Челси на крајот од сезоната ќе биде долга, но и звучна. Според англиските медиуми, „сините“ од Лондон планираат на трансфер листа да стават најмалку десет играчи. Новиот сопственик Тод Бојли потроши повеќе од 600 милиони евра на трансфери во двата последни преодни рока, но тимот и натаму на табелата е далеку од местата кои носат во ЛШ.
Бојли има во план летоска да заработи 260 милиони од продажба на играчи. На трансфер листата би се нашле Матео Ковачиќ, Мејсон Маунт, Цезар Азпиликуета, Рубен Лофтус-Чик, Кристијан Пулишиќ, Конор Галагер, Хаким Зијеш, Армандо Броја, Рахим Стерлинг и Пјер-Емерик Обамејанг.
На голем дел од оваа листа договорите им истекуваат во 2024 година, па Челси ќе сака да заработи на нив, пред тие да може да си заминат бесплатно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА