Познато е колку клубовите треба да му платат на Брајтон за Де Зерби

Секој клуб кој ќе сака да го види Роберто де Зерби на клупата, ќе мора да му плати отштета на Брајтон, која изнесува 12-13 милиони фунти. Наводно во договорот на Де Зерби постои ваква клаузула.

За Де Зерби се интересираат европските гиганти, пред се Ливерпул, а тука од втор план се и Барселона и Баерн Минхен. Ливерпул е најблиску до неговите услуги, откако стана јасно дека нема да дојде до услугите на Чаби Алонсо.

Де Зерби пред неколку дена истакна дека нема намера да го продолжува договорот со Брајтон, се додека не разговара со екипата за амбициите и за плановите во иднина.

Се вчитува...