Познато како македонските атлетичари може да се пласираат на ЛОИ во Париз

Светската аматерска атлетска федерација во вторник ги објави критериумите за квалификации за ЛОИ во Париз. Атлетиката на следните игри ќе има 48 дисциплини, со квоти од 905 мажи и 905 жени.

Половина од спортистите ќе треба да ја исполнат нормата, додека другата половина ќе се квалификува врз основа на светскиот пласман. Квалификацискиот период во поединечните дисциплини почнува на 1. јули 2023 година. За трките на 10.000 метри, повеќебој, брзо одење и штафетни трки, квалификациите почнуваат на 31. декември 2022 година.

Меѓународната федерација соопшти дека квалификацискиот период за маратонот веќе почнал на 20. ноември. Секоја земја ќе може да има најмногу тројца претставници во дисциплината од еден пол, а федерациите ќе имаат право да избираат спортисти, доколку се квалификувале повеќе од тројца.

Се вчитува...