Познато кога Федерер ќе го одигра својот последен тениски натпревар!

Роџер Федерер ќе се прости од во Лондон во петок. Тој ќе настапи на „Лејвер Купот“ во главниот град на Англија, каде ќе игра за тимот на Европа заедно со Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Енди Мареј.

Но, и покрај надежта, Швајцарецот објави дека нема да игра во сингл. Наместо тоа, тој ќе настапи во двојки во петок, што ќе биде неговиот последен професионален натпревар во богатата кариера.

„Дефинитивно завршив со професионално играње тенис. Не планирам да се премислам во иднина“, рече Федерер во Лондон.

Се вчитува...