Познато колку ќе заработува Димитријевиќ во Уникс Казањ

Ненад Димитијевиќ во новата сезона ќе го носи дресот на рускиот Уникс Казањ како позајмен играч, потврди неговиот клуб Валенсија. Македонскиот интернационалец пристигна во шпанскиот клуб пред една година, но не ја доби довербата од новиот стратег Алекс Мумбру за настап во Евролигата.

Од рускиот тим открија и колку ќе заработи нашиот интернационалец во сезоната помината во клубот од Казањ. Тој за една година помината во рускиот клуб ќе заработи 500.000 евра.

Според договорот со Валенсија доколку останеше во клубот од шпанската лига тој сезонава ќе заработеше двојно помалку.

 

Се вчитува...