Пред пресметката со Струга, Жалгирис го врати најдобриот голгетер во историјата на клубот

Литванскиот шампион Жалгирис се подготвува за пресметката со македонскиот првак Струга ТЛ во рамките од 1. квалификациско коло во Лигата на шампионите. Тимот од Каунас денеска го врати Ливиу Антал, романски интернационалец кој што е најефикасен голгетер во историјата на клубот.

34-годишниот Антал го носеше дресот на литванскиот тим од 2017 до 2020 година, и во тој период 111 натпревари постигна 63 голови. Романецот е прво засилување за Жалгирис во овој преоден рок.

Првиот натпревар помеѓу Жалгирис и Струга се игра во Вилнус, на стадионот „ЛФФ“ во 18:00 часот по македонско време. Залудни беа обидите Литванците да го играат првиот меч на гости, поради НАТО самитот кој ќе се одржи на 11 и 12 јули во Вилнус. УЕФА веќе го запиша Жалгирис како прв домаќин.

Стадионот ЛФФ има капацитет од 5.000 места. Мечот ќе го суди Елчин Масијев од Азербејџан. Помошници се Елшад Абдулајев и Парвин Талибов.

Се вчитува...