Пред точно 15 години – момент од фудбалската историја, Зидан го нокаутираше Матераци (видео)

На денешен датум пред точно 15 години бевме сведоци на една од најневеројатните случи во историјата на светските шампионати, откако Зинедин Зидан ги загуби нервите и со удар со глава го нокаутираше Марко Матераци.

Инцидентот се случи во 110. минута од големото финале од СП 2006 меѓу Франција и Италија, откако Матераци успеа да го испровоцира најдобриот француски фудбалер, кој за момент ги загуби нервите и со еден удар го патосираше Италијанецот. Нормално, Матераци остана да лежи како покосен, но без оглед на неговите актерски способности црвениот картон на Зидан е апсолутно заслужен.

Ниту 15 години подоцна не е обелоденето што точно му дофрли фудбалерот на Интер на францускиот великан, се шпекулира дека станувало збор за навреди кон неговото најблиско семејство, но ниту еден од двајцата не откри што се случило во тие дваесетина секунди кои резултираа со големиот инцидент.

Се вчитува...