Романецот Раду Драгушин беше изненадувањето на зимскиот преоден рок. 21-годишниот стопер во последниот ден по голема трансфер сага се пресели во редовите на Тотенхем за 30 милиони евра, но по само неколку месеци во тимот би можел да го напушти Лондон, пренесуваат англиските медиуми.
Драгушин беше оценет како топ трансфер за „петлите“, но настапи само 244 минути не успеавајќи да се наметне во Премиерлигата.
За него постои интерес од Наполи со кој се поврзуваше и изминатото лето па не се исклучува можноста за враќање во Италија каде од 2020 година настапуваше за Јувентус, Сампдорија, Салернитана и Џенова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА