Преговорите почнаа: Сити ја одреди цената за Родри

Официјално стартуваа преговорите меѓу Реал Мадрид и Манчестер Сити за трансферот на Родри, во обид „кралевите“ да го доведат МВП фудбалерот од последниот мундијал како супер-засилување за новиот тренер Жозе Мурињо.

Самиот Родри не ја крие желбата да се врати назад во Шпанија и да го облече дресот на Реал, затоа и ги одби сите понуди за нов договор со Сити, па англискиот гигант се наоѓа во незавидна положба, да мора да го продаде големиот ас или да ризикува тој следното лето да си замине без никаква отштета од „Етихад“.

Тоа не значи дека премиерлигашот ќе се задоволи со ниска отштета, тоа е и повеќе од јасно откако Манчестер за првпат ги отвори картите – барајќи 75 милиони евра за овој трансфер. Првата понуда на Реал Мадрид изнесувала 50 милиони, разликата е значителна, но и кај двете страни постои расположение за нови преговори и наоѓање на заеднички јазик.

Мадридските медиуми оптимистички најавуваат дека целосен договор би можел да биде постигнат до крајот на овој викенд, за сума од околу 60 милиони евра.

Се вчитува...