И тоа го видовме, натпревар од светското првенство мораше да биде прекинат поради опасност по здравјето на фудбалерите и на навивачите на стадионот во Филаделфија, каде вечерва се среќаваат Франција и Ирак.
Уште пред мечот беше најавувано вакво сценарио, поради ураганот во регионот на Филаделфија и силните грмотевиџи кои беа најавувани во овој дел од државата Пенсилванија.
Како што минуваше првото полувреме така дождот се посилно паѓаше, а за време на паузата пристигна информацијата дека поради грмотевици во близина мора да се активира протоколот за безбедност.
Ова во пракса значеше останување на фудбалерите во соблекувалните, но и целосно празнење на трибините.
Во меѓувреме времето се стабилизираше, па се очекува натпреварот сепак да се доигра вечерва штом се добие зелено светло од локалните власти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
