Прекин во 13. минута и 13. секунда – „Градски Парк“ гореше во чест на Буштур (видео)

Емотивно е вечерва во „Градски Парк“ на дуелот меѓу Работнички и Академија ФМП, прв натпревар на најтрофејниот македонски клуб по трагичната смрт на кошаркарската легенда Благоја Георгиевски Буштур.

Дуелот почна со едноминутно молчење на присутните во салата, а потоа во втората четвртина најверните навивачи, популарните „Сити Парк Бојс“ со пиротехничко шоу испратија последен поздрав до најдобриот кошаркар во историјата на Работнички.

Симболично, беше избрана 13. минута и 13. секунда од натпреварот, во знакот на бројот 13 што Буштур го носеше во својот клуб.

За потсетување, Работнички синоќа објави дека го повлекува овој број на дресот. Центарот Љубомир Младеновски, кој досега настапуваше со 13-ка на грбот, денешниот меч го игра со дрес со број 15.

Се вчитува...