Прекинат мечот Хрватска – Косово поради силен дожд во Загреб

Натпреварот меѓу Хрватска и Косово на „Максимир“ е прекинат по дваесетина минути игра, поради силен дожд кој комплетно го поплави теренот. Судијата Стефан Јохансон од Шведска, заедно со капитените на двете селекции, и делегатот од ФИФА, одлучија мечот да не продолжи, откако претходно се повлекоа во соблекувалните.

modric so kosovo

Сега на потег е ФИФА, која ќе треба да одлучи дали натпреварот ќе се одигра утре на истото место, на „Максимир“, доколку бидат овозможени подобри услови, или пак ќе го закаже овој меч во некој друг термин.

Се вчитува...