Прекинатиот меч Хрватска – Косово продолжува денеска, од 22.минута

Натпреварот од квалификациите за СП 2018 меѓу Хрватска и Косово, кој синоќа беше прекинат поради силен дожд, ќе се доигра денеска, со почеток во 14.30 часот, објави Хрватскиот фудбалски сојуз на свпојот официјален сајт. Мечот ќе продолжи од 22.минута, кога и беше прекинат поради многу лоши услови за игра на стадионот „Максимир“.

Денеска рано наутро инспекција на ФИФА направи контрола на теренот на стадионот во Загреб и проценето е дека натпреварот може да се доигра. Според правилата на ФИФА, натпреварот ќе продолжи од 22.минута.

Се вчитува...