Прекрасен гол на Адеми, прв клупски за Динамо Загреб по враќањето на терените… (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Аријан Адеми го постигна својот прв гол во дресот на Динамо Загреб по двегодишната пауза и враќањето на терените по суспензијата.

Адеми постигна прекрасен гол во триумфот од 4-2 на Динамо против Истра 1961 за пласман во полуфиналето од Купот на Хрватска. Македонскиот фудбалер носејќи ја и капитенската лента на мечот погоди во 48. минута со шут од 18 метри за водство во тие моменти на 3-0…

Како што е познато, Адеми веќе постигна гол и за македонската репрезентација веднаш по враќањето на терените во триумфот од 4-0 против Лихтенштајн во Струмица.

Се вчитува...