Прекрасна премиера на документарецот за КК Работнички – „Вратете ни го чаламот“ (ВИДЕО/ФОТО)

Синоќа во Скопје, во хотелот „Холидеј Ин“, премиерно прикажан документарниот филм посветен на најголемите успеси на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, КК Работнички.

Документарниот филм „Вратете ни го чаламот“, посветен на легендарниот кошаркарски клуб КК Работнички, кој е во продукција на „Слобода Филм“ а финансиски поддржан од Општина Центар -Скопје, претставува сведоштво за историјата, успесите и духот што со децении го прават Работнички симбол на македонската кошарка.

„На премиерата на документарниот филм „Вратете ни го чаламот“, уживавме во еднa посебна приказна низ историјата на нашиот најтрофеен клуб Работнички. Ги вративме емоциите и спомените, се потсетивме на легендите кои верувале во клубот дури и кога било најтешко, на генерациите што со срце ја бранеа бојата на Работнички. Тоа е приказната за Центар, за Скопје што живее преку своите кошаркарски херои и за чаламот што никогаш не згаснува. Документарниот филм е потсетник дека вистинските шампиони никогаш не исчезнуваат, тие само чекаат нова генерација да го продолжи нивниот сон. Голема благодарност до „Слобода филм“ за извонредната продукција. Ние остануваме посветени на вложување во спортот, во младите кошаркари и во враќањето на духот и чаламот на Работнички, симболот на скопската кошарка и гордоста на Центар!“ – истакна градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски по промоцијата на документарниот филм.

На премиерата присуствуваа бројни домашни кошаркарски и спортски работници, легендите од славните генерации на КК Работнички, но и актуелните македонски кошаркари, Александар Књазев, Митко Луковски, Драган Радосављевиќ, Рики Ѓорчевски, Томче Димишковски, Горан Веселиновски…

А, на настанот свое обраќање имаа и доајените на македонското спортско новинарство и коментаторство, Огнен Герасимовски, кој долги години ја следеше македонската кошарка, како и Атанас Костовски.

Се вчитува...