Премиер лигата го прогласи Манчестер сити виновен по сите обвиненија, „граѓаните“ тврдат дека не се виновни

Манчестер сити се огласи откако независната комисија на Премиер лигата го прогласи виновен по сите 115 точки од обвиненијата за прекршување на финансискиот ферплеј.

Независната комисија на Премиер лигата утврди дека Манчестер Сити во периодот од 2009 до 2018 година склучувал фиктивни договори со голем број свои комерцијални партнери со цел вештачки да ги зголеми приходите на клубот и да ги намали трошоците.

Клубот поднесувал неточни финансиски извештаи и ја криел вистинската финансиска состојба од ревизорите и од фудбалските регулаторни тела.

Премиер лигата објави верзија од извештајот на комисијата во која одредени делови намерно се затемнети. Во извештајот се наведува дека обвиненијата се однесуваат на повеќе од 100 наводни поединечни прекршувања на правилата на Премиер лигата, групирани во четири категории.

Според комисијата, Манчестер сити со фиктивните договори во периодот од 2009 до 2018 година ги зголемил приходите и ги намалувал трошоците за вкупно 830.69 милиони фунти.

Челниците на „граѓаните“ ги отфрлија заклучоците на комисијата и порачаа дека ќе ги искористат сите правни механизми кои им стојат на располагање.

„Манчестер сити е разочаран и изненаден од мислењето на комисијата на Премиер лигата кое денеска е објавено. Клубот е невин во однос на обвиненијата од Премиер лигата и постојат голем број несоборливи докази кои го поткрепуваат ваквиот став“ стои во дел од соопштението на Манчестер сити.

„Граѓаните“ исто така потврдија дека ќе се жалат на одлуката и сметаат дека постапката се уште не е завршена и објавеното соопштение на комисијата е правно и погрешно.

„Постапката на Премиер лигата сè уште трае и клучни делови сè уште не се завршени. Манчестер сити сега ќе ја искористи можноста за жалба која му е достапна“.

Се вчитува...