Утре во Скопје ќе се одржи премиерата на претходно најавуваниот документарен филм посветен на најголемите успеси на најтрофејниот македонски кошаркарски колектив, КК Работнички.
Документарниот филм „Вратете ни го чаламот“, посветен на легендарниот кошаркарски клуб КК Работнички, ќе биде премиерно прикажан утре од 20 часот во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје.
Филмот, во продукција на „Слобода Филм“, а финансиски поддржан од Општина Центар -Скопје, претставува сведоштво за историјата, успесите и духот што со децении го прават Работнички симбол на македонската кошарка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

