Премиерлигашите донеле одлука за ВАР технологијата

Иако во текот на вчерашниот ден беше објавено дека премиерлигашите ќе имаат состанок на почетокот на следниот месец на кој ќе гласаат дали сакаат да го укинат ВАР-системот по скандалозните одлуки оваа година, но и во изминатите сезони, сепак оваа технологија најверојатно ќе остане на сила во Англија.

Сепак, „Скај спортс“ пишува дека поголемиот дел од екипите од Островот сакаат да го задржат ВАР-системот и ќе гласаат против предлогот на Вулверхемптон за укинување на технологијата.

Се очекува да биде донесена и официјална потврда на оваа информација, но сепак нема ништо да се знае официјално се до месец јуни.

Се вчитува...