Премиерот Ковачeвски на финалето од Европското одбојкарско првенство во „Борис Трајковски“ (ФОТО)

Претседателот на македонската Влада, Димитар Ковачевски вечерва го следи финалето на Европското првенство за девојки до 19 години на кое изминативе десет дена беше домаќин Македонија и Одбојкарската федерација на Македонија.

Ковачевски, кој е во друштво на претседателот на ОФМ, Петар Јовановски и пратеникот Дарко Каевски, се очекува да го додели и пехарот на новиот европски шампион, по финалето во арената „Борис Трајковски“ во кое се среќаваат Италија и Србија.

Судија на финалето е и македонскиот интернационален судија Јосип Христов кој е втор арбитар во натпреварот за златниот медал.

Се вчитува...