Прес-конференција која траеше две секунди: Го кажа резултатот, и си замина… (ВИДЕО)

Тренерот на Валенсија, Педро Мартинез, одржа една од најкратките конференции досега во Евролигата која траеше цели две секунди! Шпанскиот тим беше поразен во четврток во Париз (90:86) , во рамките на 11. коло од Евролигата, иако водеше речиси целиот натпревар.

Валенсија водеше со плус седум помалку на три минути до крајот, но Париз со серија од 11-0 стигна до победа. По мечот, Мартинез изгледаше нервозен, па не му беше до зборување.

Откако го праша официјалното лице каде да седне, тој само кажа: „Резултатот е 90:86“, по што стана и си замина.

Се вчитува...