НОВА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ со една од најголемите македонски фудбалски легенди – ВУЈАДИН СТАНОЈКОВИЌ, еден од тројцата македонски фудбалери во историјата кои учествувале на светско првенство!
Нераскажани приказни од легендарното Светско првенство 1990 во Италија и настапот со Југославија, за Ивица Осим, за Дарко Панчев, за Марадона и за Меси и Роналдо, за штотукузавршениот Мундијал 2026, за „уметникот“ Џани Инфантино и за „светскиот полицаец“ Трамп, за времето кога беше во стручниот штаб на репрезентацијата на Македонија со Среќко Катанец, но и крајно емотивно за ФК Вардар и за онаа златна генерација од 1987 година и за во последен момент пропаднатите трансфери во Реал Мадрид и во Кристал Палас‼️‼️
=============================================
Заследи го нашиот Јутјуб-канал за сите следни епизоди
=============================================
РАЗГОВОРИ ЗА…
- Колку е значајно за еден фудбалер да биде дел од најголемиот фудбалски настан на планетава – светското првенство!?
- Станојковиќ како учесник на Летните Олимписки Игри во Сеул 1988, но и СП 1990 во Италија со репрезентацијата на Југославија!?
- За легендарните натпревари против Шпанија и четвртфиналето против Аргентина и елиминацијата по пеналите!
- За единството меѓу сите фудбалери од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска, БиХ, Словенија во таа Југославија…
- Паралела – тоа Светско првенство 1990 со штотукузавршениот Мундијал во САД, Канада и Мексико… Аргентина и тогаш и сега едвај до финалето… Паралела меѓу Марадона и Меси !?
- За контроверзиите на СП 2026 и мешањето на политиката во фудбалот како никогаш досега… Поништенот црвен картон на САД по интервенцијата на Доналд Трамп до Инфантино!
- Првите настапи за репрезентацијата не независна Македонија и онаа извонредна генерација со Панчев, Најдоски, Канатларовски, Јаневски, Савевски, Марковски, браќата Ѓуровски…
- Зошто таа генерација предводена од Андон Дончевски не успеа да дојде до поголем резултат во првиот квалификациски циклус по независноста…!?
- Дел и од стручниот штаб на Среќко Катанец во репрезентацијата на Македонија… Зошто Катанец замина од Македонија… За кавгата меѓу Катанец и Пандев!
- За ФК Вардар и онаа златна генерација од 1987 година…, но и освоените две титули во Југославија како капитен на Партизан
- За пропаднатите во последен момент трансфери од Партизан во Реал Мадрид и во Кристал Палас!
==================================================
==================================================
ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ „ПРЕСИНГ“ МОЖЕ ДА ГИ ГЛЕДАТЕ ТУКА…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
