„Пресингот“ на Озил: Баерн играше, Месут стоеше (видео)

Месут Озил уште еднаш потврди дека не е играч за големи натпревари, откако беше „невидлив“ на теренот за време на поразот од 5-1 од Баерн Минхен. И не само што недостигаше неговата креативност во нападот, туку Озил не одигра буквално ништо ни во дефанзива, кога додека неговите соиграчи се обидуваа да ја земат топката од баварците тој само стоеше на теренот. Таков случај беше и при првиот гол, кога озил се најде на пет-шест метри од Арјен Робен, но не се ни обиде да тргне кон Холанѓанецот, по што асот на Баерн со еврогол го отвори резултатот на „Алијанц Арена“.

Погледнете низ примерите на Месут Озил како НЕ треба да се игра пресинг на фудбалски натпревар.

Се вчитува...