Пресуди евроголот на Тилеманс – Трофејот во ФА Купот за Лестер, Челси со празни раце

Лестер го совлада Челси со 1-0 во големото финале од ФА Купот што се одигра на „Вембли“ со присуство на навивачи на двата клуба, драматичен меч во кој „лисиците“ имаа и многу среќа поради поништениот гол на лондонскиот клуб во самиот финиш од дуелот. Ова е и првиот трофеј на Брендан Роџерс во неговата тренерска кариера, за прва титула во ФА Купот на „лисиците“ во клупската историја.

Првиот дел заврши без ниту еден постигнат погодок, но затоа во вториот дел можеше да се проследи извонредна борба на двете страни. Како пресудна се покажа „бомбата“ на Белгиецот Тилеманс, кој од 25 метри го матираше Кепа и донесе огромна радост на тимот предводен од Брендан Роџерс.

Дури по примениот гол Томас Тухел реши да тргне во офанзива, внесувајќи неколку напаѓачки фудбалери на теренот. „Сините“ почнаа да создаваат шанси, неколку пати беа запрени од Шмајхел, а потоа кога топката заврши во мрежата во 89. минута, голот беше несреќно поништен поради минимален офајд на Чилвел.

Се вчитува...