Договорот на Душан Тадиќ со Фенербахче истакува на крајот на сезоната со што се очекуваше и негово заминување од Истанбул и преселба назад во Амстердам каде од 2017 до 2023 година настапуваше за Ајакс.
Сепак според последните информации на турските медиуми, претседателот на Фенербахче Али Коч го променил мислењето за Србинот и сега цели да му понуди нов договор на најмалку уште една сезона.
Триесетишестгодишниот напаѓач оваа сезона има „дабл-дабл“ во турското првенство забележувајќи 11 голови и 12 асистенции на 33 одиграни натпревари. Постигна и четири асистенции во квалификациите за Лигата на Шампиони, како и два гола и асистенција на 12 одиграни средби во Лига Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА