Томас Тухел нема да биде тренер на Манчестер Јунајтед во новата сезона. Германскиот стратег и покрај тоа што имаше успешни првични разговори со новото раководство на „црвените ѓаволи“ се одлучил да не конкурира за место на „Олд Трафорд“.
Тухел по ангажманот во Баерн Минхен ќе замине на едносезонски одмор па подоцна ќе размислува за новите предизвици, откриваат германските медиуми.
Германецот по ангажманот во Челси се врати во Германија, на клупата на Баерн Минхен, но лошата сезона во која баварците по повеќе од една деценија останаа без трофеј беше пресудно за раководстото на клубот да му се заблагодари за услугите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА