ПРЕСВРТ ВО БЕЛГРАД: Желимир Обрадовиќ може ќе остане тренер на Партизан

Најтрофениот европски тренер Желимир Обрадовиќ во средата поднесе неотповиклива оставка од местото тренер во Партизан. Тој во писмо до јавноста посочи дека не гледа друго решение освен преземање одговорност за лошите резултати, но не може лесно да се помират со таа одлука во Хумска. Како што пренесува српски Спортал, иако Обрадовиќ поднесе неотповиклива оставка од раководството, тој е повикан да се предомисли.

Според информациите, за денеска во 14 часот е закажана итна седница на Извршниот одбор на Партизан, на која единствена тема ќе биде Жељко Обрадовиќ, кој од Атина не се врати во Белград. Црно-белите имаат време да се обидат да ја убедат легендата да се премисли и да го продолжи вториот мандат во Партизан, но прашање е колку е тоа веројатно. Обрадовиќ ја презеде вината „за сите лоши работи што се случија сезонава“, што е јасна и недвосмислена порака.

Во вториот мандат Обрадовиќ помина четири и пол години во Хумска, а најголема поддршка имаше од претседателот Остоја Мијаиловиќ, кој беше најмногу изненаден од оваа оставка.

Се вчитува...