Пресврт во сапуницата: Барса негира – немаме договор со Ал Сад за Чави

Враќањето на Чави назад во Барселона, овојпат како тренер на каталонскиот гигант очигледно не е завршена работа без оглед на соопштението на Ал Сад дека е дадено зелено светло за овој стручњак да се врати на „Камп Ноу“.

Минаа речиси два часа по објавата на Ал Сад, а Барселона се уште нема официјално потврдено дека Чави е наследникот на Роналд Куман, бидејќи каталонците се уште се немаат договорено со катарскиот гигант.

Од управата на Барса тврдат дека директорите Јусте и Алемани, кои се наоѓаат во Доха и директно преговараат со катарските газди, се уште немаат „дил“ околу висината на отштетата. Каталонците на соопштението на Ал Сад гледаат како на притисок за да се прифатат условите што ги бара катарскиот клуб, кој инсистира на отштета од пет милиони евра.

Повеќе од јасно е дека Чави наскоро ќе пристигне назад на „Камп Ноу“, но сапуницата во преговорите меѓу двата клуба очигледно ќе продолжи уште извесно време.

Се вчитува...