Претседателот му ја укина суспензијата на Ромелу Лукаку

Ромелу Лукаку сепак ќе може да настапи за Интер на претстојниот реванш од полуфиналето во Купот на Италија против Јувентус откако му беше укината суспензијата од еден меч заработена за црвениот картон од првиот меч со „старата дама“.

Лукаку го прослави израмнувачкиот погодок „замолкнувајќи“ ги навивачите кои претходно расисистички го навредуваа, а откако Апелациската комисија реши суспензијата да остане на сила се крена голема бура во италијанската јавност.

На крајот, реагираше претседателот на федерацијата, Гравина, кој иницираше да биде почната постапка за „исклучок од правилото“, па раководството на италијанската федерација ја презеде „јурисдикцијата над случајот“ од апелациската комисија и реши казната на Лукаку да биде поништена.

„Наш значаен принцип во функционирањето е борба против сите видови на расизам. Затоа, Ромелу Лукаку не заслужи да биде исклучен и со самото тоа, не треба да биде казнет“, се вели во соопштението.

Се вчитува...