Претседателот на Европската атлетска федерација, Свен Арне Хансен (ЕАА) е хоспитализиран откако доживеал мозочен удар.
Во соопштение за јавноста на интернет сајтот на ЕАА, пишува дека 73-годишниот Норвежанин мозочен удар во неделата наутро во својата куќа во Осло. Во моментов се наоѓа на интензивна нега, но лекарите уште немаат прогнози за неговото опоравување. Се очекува Хансен да остане во болница седум дена, а потоа би следувал долг период на рехабилитација.
Извршниот одбор на ЕАА ќе избере в.д. претседател на почетокот на следната седмица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА