Претседателот на Сампдорија – Заборавете ја сезонава

Претседателот на калчолигашот Сампдорија, Масимо Ферара е еден од главните поборници на тоа да биде прекината сезоната во Серија А и да не се продолжи со фудбал. Тој смета дека се треба да се заврши и да почнат подготовките за следната.

„Убаво ќе се шалиме се додека некој не каже дека нашол вакцина. Дури тогаш ќе завладее мир. Како очекувате од фудбалерите по цел месец да бидат во хотелски карантин доколку се заболат? Јас би бил среќен кога би продолжила сезоната, но само по прифатливи услови. Наместо да чекаме и да гледаме во небото, подобро е да почнеме да се подготвуваме за следната сезона“, изјави Ферара. 

Серија А беше прва од најдобрите лиги во Европа која беше суспендирана поради пандемијата од коронавирусот, а  Италија е земјата која претрпе најмногу загуби од смртоносниот вирус.

Се вчитува...