ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Арсими со победа на тестот против Башкими, триумф и на Новаци

Второлигашот Арсими триумфираше со 2-0 на пријателскиот натпревар против кумановскиот третолигаш Башкими.

Арсими до триумфот дојде со головите на Вахит Мурати и Берат Хисмани.

Пријателски натпревар денеска одиграа и третолигашите Новаци и Големо Коњари кој заврши со триумф од 3-1 на екипата на Новаци.

До победата екипата предводена од Горан Ставревски дојде со погодоците на Антон Стојковски, Јоцо Ѓорговски и Иве Трифуновски, а единствен стрелец за Големо Коњари беше Мустафа Селмани.

Новаци во пролетниот дел од Трета лига – Југозапад ќе атакува на прво место и бараж за Втора лига, а најголем конкурент му е Кораб од Дебар.

Се вчитува...