ПРИЈАТЕЛСКИ НАТПРЕВАРИ: Кировски и Настевски за триумф на Гостивар, реми на Слога Виница со Росоман

Гостивар ја запиша првата победа низ подготвителниот период славејќи со убедливи 3-0 против Дрита од Боговиње на денешниот пријателски натпревар одигран во Гостивар.

Новите засилувања Христијан Кировски од Струга ТЛ и Иван Настевски од Брегалница ја донесоа победата за гостиварци. Кировски постигна два гола, а третиот беше дело на Настевски.

Новиот второлигаш Слога Виница, пак, ремизираше (2-2) на тестото со Росоман.

Се вчитува...