Прилеп е на нозе, Победа е на чекор до опстанок во елитата (ВИДЕО)

Победа успеа да триумфира на гостувањето против Брегалница со 1-2, со што прилепчани направија огромен чекор напред кон обезбедување на опстанок во елитното друштво. „Црвено-белите“ со оваа победа се искачија на осмото место на табелата, оставајќи го Шкупи на деветтата позиција која значи учество во баражот.

Гешоски и Станиќ беа стрелци на головите кои донесоа нова фудбалска еуфорија меѓу прилепчани, помагајќи во битката Победа сезонава да опстане во елитата, а догодина да се бори и за далеку подобар пласман на табелата.

Погледнете ги погодоците од денешниот дуел во Штип…

Се вчитува...