„Принцот од Неретва“, нов селектор на БиХ?

Фудбалската Федерација на БиХ не потроши премногу време во потрага по наследник на Роберт Просинечки, откако ги договори условите за соработка со искусниот стратег Душан Бајевиќ. Овој 71-годишен стручњак во минатото неколку пати ја одбиваше понудата да седне на клупата на БиХ, но овојпат ги прифатил понудените услови и се согласил да ја води оваа репрезентација во завршницата од Лигата на Нации, во обид да обезбеди учество на ЕП 2020.

Бајевиќ, кој низ годините го доби прекарот „Принцот од Неретва“, начелно постигнал договор со раководството на федерацијата, а во следните десетина дена тој ќе допатува од Грција (каде живее со години), за конечен договор и потпис.

Роберт Просинечки бележеше одлични резултати во Лигата на Нации, но потоа по слабите игри во квалификациите за ЕВРО 2020 реши да си замине од клупата. Пред Бајевиќ е одговорна задача, да се обиде да стигне до билет за континенталниот собир, најпрвин на дуелот со Северна Ирска на 26 март, а во случај на победа потоа и во меч „да се биде или не“ за пласман на европскиот шампионат.

Се вчитува...