Миралем Пјаниќ – спортист на годината во БиХ

Фудбалерот на Барселона и репрезентативец на БиХ Миралем Пјаниќ е најдобриот спортист во оваа држава за 2020 година во изборот на жирито на 20-от јубилеен избор на најдобри спортисти на БиХ.

Пјаниќ за првпат е избран за најдобар спортист во неговата земја, откако минатата година ја освои четвртата титула во Италија со Јувентус, а потоа направи трансфер во Барселона.

“Ви благодарам на сите за наградата ‘Спортист на годината’. Ова беше многу успешна сезона со Јувентус, и преселбата во Барселона е секако круна на мојата кариера. Ова ќе биде уште еден мотив ние спортистите да работиме подобро и да бидеме пример за нашите деца во БиХ, па и тие еден ден да бидат во националниот тим и дел од најголемите клубови во светот “, рече Пјаниќ.

Меѓу тројцата најдобри спортисти беа ракометарот од ФленсбургХ, Бенјамин Буриќ и НБА центарот, Јусуф Нуркиќ.

Епитетот најдобар тим припадна на женската кошаркарска репрезентација на БиХ, која е на чекор до пласман на Европско првенство, додека нејзиниот тренер Горан Лоје е прогласен за најдобар тренер во Босна и Херцеговина.

Се вчитува...