Селекторот Игор Ангеловски се соочува со сериозен проблем откако Енис Барди беше принуден да го пропушти денешниот натпревар на Леванте со Алавес. Македонскиот ас беше најавен и на поширокиот список на играчи против Алавес, требаше да биде и стартер на овој меч, но името на Барди не се појави ниту меѓу резервите за вечерашниот натпревар.
Локалните медиуми најавуваат дека станува збор за повреда, а во следните 48 часа ќе биде познато колку е сериозна ситуацијата и кога македонскиот ас би можеле повторно да го видиме на терените.
Едно е јасно, Барди ќе се најде во трка со времето за да биде подготвен за следните предизвици на македонската репрезентација, најпрвин домашниот меч со Лихтенштајн што ќе се игра за две седмици (13 октомври), а потоа и клучното гостување во Ереван против Ерменија на 16 октомври.
Во однос на првите две средби од Лигата на Нации, се очекува Македонија да биде посилна за Аријан Адеми, кој се рехабилитираше од повредата и веќе почна со настапи за Динамо Загреб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА