Репрезентативната пауза донесе проблем за Барселона, откако Ерик Гарсија предвреме го заврши престојот со шпанскиот национален тим и се врати назад во каталонската престолнина.
Гарсија требаше да биде стартер синоќа на гостувањето со Англија, но се повреди на загревањето на „Вембли“ и мораше да го следи мечот од клупата за резерви. Дефанзивецот по враќањето во Шпанија бешше на детални лекарски прегледи, по што беше утврдено дека тој ќе мора да паузира извесен период.
Шпанската Фудбалска Федерација објави дека Гарсија добил зелено светло да се врати назад во својот клуб, каде ќе продолжи со рехабилитациската програма.
Останува да се види дали овој фудбалер, кој сезонава е стандарден како десен бек кај Флик, ќе биде „фит“ за првиот дуел по репрезентативната пауза, во кој Барса на 10 октомври ќе се сретне со Хетафе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
