Проблем за Гвардиола: Лапорт го оперираше коленото, следи долга пауза

Пеп Гвардиола се соочува со нов сериозен проблем откако по Лирој Сане остана без услугите на уште еден стандарден првотимец. Станува збор за главниот дефанзивец Ејмерик Лапорт, кој го повреди коленото за време на саботниот меч со Брајтон, а во текот на вчерашниот ден врз него беше извршен хируршки зафат.

„По повредата на менискускот и оштетувањето на коленото, врз Ејмерик Лапорт беше извршена операција во Барселона. Хируршкиот зафат е успешен, а во наредниот период ќе добиеме и детална прогноза околу текот на рехабилитацијата“ – се вели во соопштението на англискиот првак.

Она што е сигурно е дека Лапорт ќе отсуствува до крајот на 2019 година, а Гвардиола се надева дека ќе го има дефанзивецот во тимот за клучниот дел од сезоната.

Се вчитува...