Проблем за Јуве, Барѕалји го пропушта Порто

Одбранбениот фудбалер на Јувентус, Андреа Барѕалји, ќе паузира најмалку две седмици поради повреда на бутниот мускул. Тој се пожали на повреда по завршувањето на последниот дуел од Серија А против Кротоне (0-2), а деталните лекарски прегледи покажаа дека ќе мора да мирува најмалку петнаесетина денови.

Ова значи дека Андреа Барѕалји ќе го пропушти првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите против Порто на 22.февруари, како и натпреварите од Серија А со Калјари и со Палермо.

Се вчитува...