Проблем за Јувентус: Маркизио пак го повреди коленото

Клаудио Маркизио нема среќа со повредите, откако искусниот фудбалер за врска повторно се пожали на болки во коленото, истото она што беше оперирано минатата година. По деталните лекарски прегледи извршени врз италијанскиот фудбалер, утврдено е дека тој ќе мора да ги пропушти следните неколку натпревари на „старата дама“.

„Прегледите врз коленото на левата нога, она врз кое беше извршена операција во 2016 година, покажаа дека станува збор за проблем за кој ќе биде неопходно мирување и специфична терапија. Од овие причини, Маркизио ќе биде надвор од терените најмалку три до четири седмици“ – се вели во соопштението на италијанскиот првак.

Во отсуство на Маркизио се очекува шанса да добие Блес Матуиди, кои минатата седмица пристигне во Јувентус од редовите на ПСЖ.

Се вчитува...