Проблем за Ливерпул пред мечот со Лестер

Ливерпул ќе биде значително ослабен за вечерашното гостување против Лестер откако Јирген Клоп остана без помошта на Џордан Хендерсон. Англискиот репрезентативец заработил незгодна повреда на петочниот тренинг, лекарските третмани во последните два дена не вродија со плод, па Хендерсон не отпатува со остатокот на тимот за гостувањето против шампионот.

Хендерсон нема да игра денеска, а неизвесно е дали ќе може да настапи и на следниот натпревар против Арсенал на 4 март“ – потврдија од лекарскиот тим на „црвените“.

Хендерсон досега настапи на 24 од 25-те средби на Ливерпул во Премиер-лигата, пропуштајќи го единствено гостувањето против Сандерленд на кое избраниците на Јирген Клоп одиграа само 2-2 со аутсајдерот. Отсуството на Хендерсон ќе значи нова шанса за Емре Џан, кој ќе биде стартер на денешната средба.

Се вчитува...