Проблем за Португалија: Без Бруно против Норвешка

Португалија ќе биде значително ослабена за вечерашното гостување против Норвешка откако селекторот Жорге Жезус одлучи Бруно Фернандеш воопшто да не биде во комбинација за овој дуел.

Капитенот на Манчестер јунајтед се пожалил на преоптоварување по последниот меч со Велс, не можел да тренира со полна пареа во текот на вчерашниот ден, по што Жезус пресекол – тој не само што нема да биде стартер, туку дуелот во Осло ќе мора да го следи од трибините.

Покрај Фернандеш, селекторот реши од списокот да го избрише Жоао Силва, младиот напаѓач на Борусија Дортмунд.

Португалските медиуми најавуваат дека Жезус ќе направи бројни ротации во тимот, а една од нив ќе биде преселба на Кристијано Роналдо на клупата, додека нападот на Португалците ќе биде предводен од Гонсало Рамош.

Се вчитува...