Проблем за Русите, Жирков ќе го пропушти четвртфиналето со Хрватска

Фудбалската репрезентација на Русија ќе биде ослабена на четвртфиналниот дуел против Хрватска на Светското првенство. Искусниот лев бек Јуриј Жирков нема да биде способен за настап поради повреда. Тој заработи повреда на потколеницата на претходниот меч против Шпанија, а лекарскиот тим најверојатно нема да може да го оспособи за настап против „коцкестите“.

„Жирков има воспаление на тетивата, и не смееме да ризикуваме со неговото здравје“, истакна селекторот Станислав Черчесов.

Најверојатната замена за Жирков ќе биде Владимир Гранат, кој влезе и на дуелот против Шпанија, по повредата на левиот бек.

Четвртфиналната пресметка меѓу Русија и Хрватска е закажан за в сабота со почеток во 20 часот, во Сочи.

Се вчитува...